Внесување на издавачот Оранжерии Хамзали АД Струмица на Листата за набљудување
среда, 11 јуни 2025

Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Оранжерии Хамзали АД Струмица на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Оранжерии Хамзали АД Струмица на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради донесена одлука од Собранието на акционери на ова друштво за преобразба во друштво со ограничена одговорност.